Студија на фински истражувачи докажува дека децата кои се изложени на стрес имаат поголема веројатност да доживеат срцев удар во средните години.
Истражувањето е спроведено на 311 деца кои научниците ги следеле во периодот од 1980 до 2008 година како дел од кардиовасуларната програма.
Иако податоците воглавно се засновани на субјективните избештаи на родителите, утврдено е дека широк спектар на фактори, како социоекономскиот статус, гојазноста, пушењето, високиот крвен притисок и зголемениот холестерол, влијаел кај развојот на стресот кај децата, а што стресот бил поголем, се зголемувал ризикот од срцев удар.
Истражувачите веруваат дека стресот во детството може да поттикне запаление и промена на функционирањето на метаболизмот, што подоцна може да предизвика срцев удар.