(ВИДЕО) Судир и кавга на проценителите и жителите во Стајковци: Се врши партиска проценка

Од:

Вака изгледаше дел од кавгата помеѓу граѓаните и проценителите, кои како што велат граѓаните, партиски се одлучува во која куќа ќе ја вршат проценката.

– Кога виде дека доаѓаме, одма избега, кога му кажавме дека ќе одиме по телевизија дотрча на сред село. Чекаше 10 минути и кога виде дека доаѓаме, отиде во кола за Кочани.

– На сите ќе биде извршена, што е проблемот.

– Да се оди по ред, тоа е проблемот. Другар, сакаше да избегаш, и тоа нека ти е на чест.

– Не, не, не е така.

– Е како бе не е така, од кола го извадив бе човек.

Жителите обвинуваат дека проценката се врши селективно и единствено по куќите во кои живеат партиски вработени граѓани. Проценителот кого граѓаните се обидуваа да го стигнат пред нив се правдаше дека градоначалникот му наредил да се повлече. Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски не негираше за тоа како се врши проценката, единствено објасни дека од утре ќе поминат други проценители кои по ред ќе им ја вршат проценката на штетата.

– Дојдоа во куќата над нас, прескокнаа пет куќи и потоа влегоа кај соседите. Кога ја прашав една од проценителите зошто не влегуваат кај нас, таа ми рече дека не знае каде и е колегата. Ако треба да проценуваат заедно, тоа само значи дека кршат уште едно парвило, вели еден од жителите на Стајковци зад камерите.

Александар Тодески