На сајтот на познатиот туристички портал Expedia, Белград е една од топ петте дестинации заедно со Париз, Њујорк, Лондон и Вилнус.
Порталот петте дестинации ги опишува како атрактивни и интересни за посетителите од целиот свет.
Порталот како причина за избор на Белград ги наведува храната, богатиот ноќен живот но и предлага посета на музејот Никола Тесла, местото каде може да се запознаат со животот на научникот низ бројни документи, списи, како и разни технички експонати кои Тесла ги остави зад себе.