Караванот на слободата на ЦИВИЛ и УСАИД со концерт во Велес

Од:

Во Велес – Слободна зона в петок во 16 часот ќе бидат поставени инфо штандови на Караванот и други граѓански иницијативи, а на сцената ќе настапат ди-џеј сетови на CIVIL Art Freedom Crew.

Од 18,30 до 20 часот ќе се одржи дебата на тема „Македонија, со или без слобода“, на која ќе учествуваат Игор Смилев, активист, Арбен Шаќири, музичар и Убавка Јаневска, новинар.

Во склоп на програмата на настанот ќе се одржуваат и поетски читања на кои ќе учествуваат поетесите Александра Спасеска и Ивана Смилевска, актерот Самоил Стојановски и поетотЉубомир Михајловски, уметнички работилници и изложба Слобода во боја на авторитеМирослав Стојановиќ, Лидија Пајевиќ, Ерина Богоева, Теа Пупкова, Касиопеја Наумовска и Сали Ертунч, како и видео проекции „Слики што движат“. За Музиката на слободата и добра забава ќе се погрижат: Лазар Ставров (The Gandhies), Ле ман и Бени – Нон Стоп.