Јавно обвинителство отвори предмет за невестата од МВР која пука на свадба

Од:

По лавината реакции на социјалните мрежи и во дел од медиумите за невестата, вработена во МВР, која пукаше со пушка, се огласи Јавното обвинителство:

По написите во повеќе медиуми во кои се пишува за свадбената веселба на која е употребено оружје, како и за други настани на кои истото оружје е користено и каде има индиции и за евентуално сторени кривични дела, а во насока на информирање на јавноста, Јавното обвинителство потенцира дека за овие настани веќе има отворено предмет пред неколку дена.

Во насока на расветлување на настаните и утврдување на поседувањето, употребата на оружјето, како и можно вршење на други кривични дела, обвинителството презема дејствија, меѓу кои е и испратена Наредба до Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување.​