Демократскиот сојуз денеска соопшти дека во соработка и консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Парламентот.
„Последниот долг со издавање еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Парламентот и пошироката јавност“, оценува ДС.
Според партијата на Павле Трајанов, власта должи објаснување за висината на долгот што го направи, високата камата, за што ќе ги потроши парите и како ќе се враќаат.