Францускиот министер за надорешшни работи, Жан-Марк Еро изјави дека неупешниот државен удар не му дава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган “бланко чек“ да ги заобиколи демократските принципи.
-Ние сакаме вледеење на законот во целост воТурција, рече шефот на француската дипломатија за ТВ станицата Франс 3.
-Пучот не му дава “бланко чек“. Не може да има чистки, владеењето на законот мора да функционира, рече Еро.
Тој кажа и дека европските министри утре во Брисел ќе го повторат овој став дека Турција мора да ги почитува демократските принципи на Европа.