Над шеесет луѓе погинаа вечерва кога камион влета на преполното шеталиште во Ница, Франција, додека траеше прославата “Денот на Бастиља“.
Mouvement de panique !! #Nice pic.twitter.com/RgXar3fWZs
— HARP DETECTIVES (@harp_detectives) July 14, 2016
Како што пренесе CNN, повредени се над 100 луѓе. На улиците на Ница владе вистински хаос, тела на повредени и убиени лежат на сите страни.
Засега не е познато како точно се случил инцидентот, но медиумите пренесуваат дека возачот на камионот е убиен во престрелка со полицијата.
На социјалните мрежи можат да се видат снимки на уплашени луѓе како во паника бегаат по улиците на познатиот француски туристички центар. На месотото веднаш излегоа многу лекарски екипи и полиција.
Некои од очевидците наведоа дека инцидентот се случил за време на огнометот, а на фотографиите може да се види дека се работи за бел камион, кој е оштетен од ударот на предната страна.
Локалната власт испитува дали се работи за организиран напад, а веднаш беа предупредени сите жители на Франција, посебно Ница, да не излегуваат од своите домови.
Новинар на агенцијата AFP кажа дека белиот камион со огромна брзина се втурнал во луѓето кои се враќале од прославата.
-Возилото удираше во луѓето и ги фрлаше во воздух, додека тие околу нив вриштеа. Тоа беше целосен хаос, изјави тој за Гардијан.