(ВИДЕО) Предлог за итни демократски реформи: Ново судско одделение за случаите кои ги води СЈО

Од:

Од 18 на 24 месеци да се зголеми рокот за поднесување обвинителен акт од Специјалното јавно обвинителство, независен буџет од владата за СЈО, законско решение со кое СЈО ќе стане постојан орган, формирање на Специјално одделение во Кривичниот суд за делата што ги води СЈО, закон за заштитени сведоци.

Ова го побара Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет, во име на иницијативата на група граѓански организации и експерти, кои го презентираа  „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјата потребни за фер, слободни и кредибилни избори.

-Хелсиншкиот комитет, Фондацијата отворено општество Македонија, Институтот за човекови права главно го конципираа делот кој се однесува на правосудството и предложија мерки за долг, среден и краток рок. Приоритетите се фокусирани на работата на Специјалното јавно обвинителство, но нашите мерки не се однесуваа само за измени на Законот за СЈО, во смисла на продолжување на рокот кој беше 18 месеци, а кој сега бараме да биде продолжен на 24 месеци.

СЈО треба да има независен буџет, и владата не смее на никаков начин да учествува во конципирањето на тој буџет, рече Пировска.

Една од мерките е и формирање специјализиран оддел во рамките на Кривичниот суд, за да се олесни и да може да рачунаме дека луѓето кои ќе работат таму невистина ќе покажат независност и непристрасност, исто така предлагаме во Судскиот совет да бидат предложени нови членови со нови критериуми и искуство, рече Пировска.

– Се гледа дека судиите судат под притисоци. Тие одеа на разни семинари во земјава и надвор за запознавање со искуствата предвидени со новиот кривичен законик, но не најдоа доблест да ги реализираат. Исто така, и јавното обвинителство не најде волја да ги процесира случаите пред да ги предаде на СЈО. Затоа е и потребно ново судско одделение за овие случаи , изјави Николовска.