Германците предупредуваат: “Киндер чоколадото е канцерогено”

Од:

Тестирањето од страна на германското здружение за заштита на потрошувачите “Фудвоч“ покажало дека чоколадото “киндер“ содржи опасна материја која може да предизвика рак.

Освен киндер, “позитивни“ биле уште два бренда на детски чоколади. Здружението ги повика надлежните да ги повлечат од продажба производите на Ферер “киндер ригл“, потоа “Фиорето нугат минс“ и “санрајс класик чоко хепен“, затоа што содржат канцерогени материи.

-Виновни се производителите. Наместо да ги отстранат опасните чоколади и да ги алармираат потрошувачите, тие тврдат дека работат според законот, рече Џен Хег, претставник на Здружението.

Тестирани се преку 20 видови на чипсови и чоколади и пронајдени се заситени масти (МОАХ) кои при разложувањето во чевековиот организам можат да предизвикаат оштетување на органите, а посебно изложени на ризик се децата.

Се утврди, дека “киндер“ кое е најпродавано чоколадо во Германија, има најголемо ниво на овие минерални масти.

Здружението наведе дека супстанцата се пренесува во храната преку рециклираната амбалажа која претходно е печатена со мастило кое во себе ги содржи тие масла.