ВИДЕО:Најмалку 80 загинати и 160 ранети во бомбашки напади во Багдад

Од:

Во бомбашки напади во Багдад загинаа најмалку 80 лица, а ранети се 160 лица.Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Портпаролот на ирачката полицијата Саад Ман потврдил дека првата експлозија била предизвикана со детонирање на автомобил-бомба. Бомбашот-самоубиец со автомобил експлодирал во близина на ресторанот и шопинг центар во централниот кварт Карада, додека улицата била зафатена со купувачи по зајдисонце во светиот месец Рамазан.

И двете експлозии се случиле во области каде што има трговски центри, а во многу од продавниците избил пожар.

Групата на ИД во онлајн изјава ја презема одговорноста за нападот.
Бомбашките напади следуваат една недела откако ирачките безбедносни сили повторно го освоиле градот Фалуџа од Исламска држава.