Лоран Блан официјално замина од ПСЖ

Од:

Од денеска и официјално Лоран Блан веќе не Е тренер на францускиот шампион Париз Сен Жермен.

Информацијата, која подолго време ја најавуваат француските медиуми, за разделба на Блан со ПСЖ, денеска преку кратко соопштение ја потврди клубот на својата официјална интернет страна.

„По три години на кормилото на првиот тим, Лоран Блан денеска заминува од ПСЖ“, пишува во соопштението на ПСЖ.

Засега останува дилемата, дели раковоството на „Светците“ за разделбата со Лоран Блан, кој мина три години на кормилото на ПСЖ, ќе му исплати 22 милиони евра за заминувањето од „Паркот на Принцовите“, како што изминатите денови пишуваа медиумите во Франција.