Денеска е денот „Д “ за Велика Британија

Од:

Денеска Британците решаваат за иднината на својата земја
Преку референдум се одлучува, дали местото на Велика Британија е во Европската Унија.
Станува збор за историско определување на Британците за европската иднина на нивната земја, откако 43 години Велика Британија е членка на ЕУ.

Гласачките места се отворени од 07.00 часот по локално време и ќе се гласа до 22 часот. Веднаш потоа почнува броењето на гласовите.Право на глас имаат 46,5 милиони граѓани, што е досега најголема бројка на запишани гласачи.

„Брегзитовците“уверуваат дека напуштањето на ЕУ ќе ја претвори Велика Британија во вистински рај, спротивниот табор укажува дека тоа би бил чекор на патот кон пеколот. Последните мерења покажуваат дека исходот од референдумското изјаснување ќе биде крајно неизвесен до самиот крај, затоа што двата табора имаат речиси идентичен процент на подржувачи, па може да се случи, победата да зависи од тоа каков ќе биде одѕивот на гласачите.

За останување во ЕУ се премиерот Камерон, 16 членови од неговот владин кабинет, повеќето од половината конзервативни пратеници, Лабуристичката партија и Либералните демократи, како и големо мнозинство од гласачите во Шкотска, Велс, Северна Ирска и Лондон.

На другата страна се мнозинството евроскпетични гласачи во Англија, повеќето од нив постари луѓе, УКИП и англиските националисти и ултрадесничари, како и петмината владини министри, кои се против Камерон, предводени од доскорешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон.

За напуштање на ЕУ и за „враќање на британската незавсност“ се сите весници кои важат за блиски на ториевците – „Дејли Телеграф“, „Дејли Меил“, „Дејли Експрес“ и „Сан“, додека за останување во Унијата се „Тајмс“, „Фајненшл Тајмс“, и весниците блиски до лабуристите – „Гардијан“ и „Дејли Мирор“.

Актерката Елизабет Харли и Џон Клиз од „Монти Пајтон“ се декларираа дека подржуваат „самостојна Британија“.
За разлика од нив, Дејвид Бекам, неговата сопруга Викторија, актерот Дениел Крајг, авторката на серијата книги за Хари Потер, Џ.К. Роулинг, Елтон Џон, водителот на „Топ Геар“ Џереми Кларксон и готвачот Џејми Оливер, објавија дека на Велика Британија ќе и биде подобро ако стане во ЕУ.

Така веруваат и повеќе од 70 отсто од британските бизнисмени, како и водечките банкарски компании кои стравуваат од губењето на позицијата на Лондон и Велика Британија, доколку земјата се определи за Брегзит.

.
Државната изборна комисија соопшти дека првите, неофицијални резултати од референдумот треба да се очекуваат утре во утринските часови.