Во атарот на село Велестово вчера попладне е пронајдено мртвото тело на К.Ф. (64) од охридското село Рача, кој беше пријавен за исчезнат.
Како што соопшти полицијата, телото го идентификувала сопругата на починатиот по што е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде што ќе се врши обдукција.
К.Ф. е пронајден вчера попладне во 12:30 часот од волонтер на Црвениот крст – Охрид, а беше пријавен за исчезнат на 16 и 17 овој месец.