(ВИДЕО) 15-годишниот Бакар: Дома во Сирија сакав да станам лекар, сега не знам што ме чека

Од:

15 годишниот Бакар Калфа веќе 4 месеци живее по прифатните центри во околината на Скопје, тој нема никакви документи дека престојува во Македонија. Неговот брат бил уапсен во Србија при обид да ја помине границата, а неговото семејство веќе е во Германија.

Тој во Македонија е сосема сам и раскажува дека кога одел на училиште во Сирија, сакал да стане лекар, да студира медицина, сега не знае што го чека во иднина, но е оптимист и се надева дека ќе стигне до Германија каде што е неговото семејство. Вели дека е среќен што заедно со невладината „Легис“ може да им помага на другите бегалци.

Бекир Калфа беше единствениот бегале што попладнево беше пуштен да присуствува на одбележувањето на Светскиот ден на бегалците, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија, Легис, Хелсиншки комитет за човекови права на и Младински образовен форум.

Иако има само 15 години, тој одговараше на прашања од публиката и раскажуваше како им плаќале на шверцерите со луѓе, кои само гледале како да им ги земат парите, како многумина довербата во нив ја платиле со животот.

– Заедно со мојот брат тргнавме преку Турција и Грција и стигнавме до Словенија, од таму не вратија во Србија. Таму брат ми го уапсија и до ден денес, не знам што се случува. Во Табановце останав два месеци, потоа бев во безбедна куќа за малолетници, но оттаму ме пуштија, ми рекоа дека повеќе не е добро за мене да останам таму, не знам зошто тоа ми го кажаа. Потоа ме пратија во Визбегово и почнав да работам со „Легис“, вели Бакар

Тој се надева дека ќе се сретне повторно со неговиот рат и со семејството и вели „животот е живот и не сакам да се откажам од ништо“, вели Бекир.

А.Б.