Чешка без Росицки до крајот на ЕУРО 2016

Од:

Несреќите со повредите што го следат Томаш Росицки целокупната кариера не го одминаа ниту на овој европски шампионат.

Најискусниот чешки фудбалер асистираше при првиот гол за Чешка против Хрватска, а само неколку минути подоцна се здоби со повреда на мускулот, која по лекарските прегледи се покажа како кобна по неговите настапи на ЕВРО 2016.

– Знаев дека ни е потребен бод против Хрватска и дадов се од себе за да помогнам. Но, платив превисока цена, нема да можам да играм до крајот на првенството, но вредеше бидејќи помогнав да се оствари целта, а чувството на крајот беше извонредно, вели Росицки.

Чешка во последното коло игра со Турција, а со победа Чесите ќе имаат четири бода и најверојатно би обезбедиле место во осминафиналето.