Во сабота нов протест на исклучените од Топлификација

Од:

Во сабота на 18 јуни, кај Триумфалната капија, повторно е најавен протест на исклучените од Топлификација.

-На протестот во сабота ќe биде изразен револт поради осмата серија решенија од нотари кои БЕГ деновиве ги доставува до исклучените. Овој пат решенјата се однесуваат само на два месеци.
Претходните, седми по ред, решенија се однесуваа на три месеци, а сите други поранешните се однесуваа на шест месеци. За секое од овие решенија ќе се води посебна парница и исклучените ќе платат огромни судски трошоци. Ова БЕГ намерно го прави за да исклучените платат што повеќе, а тој стекне што поголема срамна имотна корист.

БЕГ знае дека највисоката власт е на негова страна и дека исклучените ќе ги изгубат сите парници и ќе мораат да платат колку што тој ќе посака. Затоа револтот на протестот следната сабота ќе биде изразен против Владата.

„ Бомбата 65“, која ќе биде прочитана на протестот, е пета „ бомба “ во циклусот наречен „ Давител против давителот “. Во оваа „ бомба “ е посветена на неуспешниот обид на пратеничката Весна Бендевска, во декември 2007 година, да ја спаси битолската Топлификација, се вели во соопштението на исклучените од Топлификација.