Двојно поголем маж го нападна и го претепа пеачот Џастин Бибер, а инцидентот се случи пред хотелот во Кливленд, каде Бибер престојувал во средата.
Ламонт Ричмонд од Кливленд е човекот кој на Бибер му удри шлаканица, а тоа го направил откако бил нападнат од пејачот. Ламонт тврди дека сакалда добие автограм од Бибер за својата ќерка, но бил нападнат од пејачот. На тоа реагирал и со шлаканица го оборил на подот, по што Џастин Бибер збеснал и сакал да се тепа со Ламонт но обезбедувањето го спречило во намерата.
Откако целата приказна излезе во јавноста, Бибер на Инстраграм објави фотографија од своето лице со порака: “Нема ни гребнатинка на овој убавец“.