Голден Стејт триумфално до 2-0 против Кливленд во НБА финалето

Од:

Екипата на Голден Стејт се наоѓа на пола пат до одбрана на шампионскиот трофеј во НБА лигата, бидејќи ноќеска на свој терен го победи Кливленд со убедливи 110:77 за водство од 2-0 во серијата прв до четири победи.

Гостите добро го отворија натпреварот и првиот период го решија во своја корист со 21:19. Тогаш следуваше пресвртот и по 33:23 во втората четвртина на полувреме се отиде со плус осум за „вориорс“. Голден Стејт продолжи жестоко и во вторите 24 минути. Третиот период го доби со 30:18, а последниот уште поубедливо (28:15).

Дрејмонд Грин со 28 поени седум скокови и пет асистенции беше најдобар поединец во победничката екипа. Стеф Кари уфрли 18, додека Клеј Томпсон 17 поени.

Најефикасен во Кливленд беше Леброн Џејмс со 19 поени, запиша и осум скокови со девет асистенции.

Следните две средби се играат на теренот на Кливлелнд.

Серијата продолжува ноќта меѓу 8 и 9 јуни.

Би можело да ве интересира

Голден Стејт во одбрана на титулата, Кливленд по првиот шампионски прстен

А1он