Почина актерот Владимир Дади Ангеловски

Од:

На 66-годишна возраст почина еден од доајените на македонското актерство, Владимир Ангеловски – Дади.

Ќе остане запаметен по големиот број на улоги, почнувајќи од детските серии и драми, па се до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите “Шеќерна приказна” и “Деспина и мистер Докс”.

Не може а да не спомене култната радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, и Гоце Тодоровски во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење.

Значајни се и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот актер кој 15 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.