Вкупно 5 награди и беа доделени на претставата „Духот кој оди“ во режија на Александар Поповски, според текст на Дејан Дуквски на 19. издание на Театарфест „Петар Кочиќ“ во Бања Лука.
Претставата со поднаслов „Патот на Прометеј“ е изведена како копродукција на Српско народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, Србија.
Меѓународното жири одлучи на претставата да ги додели наградите за најдобра претстава во целина, за сценографија, награда за најдобра режија на Александар Поповски и награда за најдобар драмски текст на Дејан Дуковски.
А.Б.