(ВИДЕО) Митко Чавков и Диме Спасов нови министри

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги разрешија министрите на СДСМ во МВР и министрството за труд и социјална политика, а на нивно мeсто ги вратија Митко Чавков и Диме Спасов.

-Со оглед дека датумот на изборот е поништен, ќе немаме точен датум за изборите, законска обврска ми е да предложам лица кои ќе раководат со минитерставата. За да раководи со МВР го предлагам Митко Чавков и за министер на труд и социјална политика, Диме Спасов. Кога ќе имаме нов датум тогаш ќе одредиме нови министри според договорот од Пржино, рече премиерот Емил Димитриев.

На ова регираше претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој праша зошто Емил Димитриев седи како за премиер ако нема влада за избори, ако таа одлука важи за министрите тогаш зошто не важи и за Емил Димитриев.

По ова опозицијата ја напушти собраниската сала, а пратениците на ДПА воопшто не се појавија.