(ВИДЕО) Адеми: Федерализацијата е само во нивните болни умови

Од:

Во животот на еден човек има моменти, кои ги памeти додека е жив и истите тие моменти продолжуваат да живеат и после него. Токму оваа Шарена револуција е еден таков момент и тоа ќе продолжи да живее со нас, и после нас и за идните генерации.

Сите ние овде сме со една цел, а тоа е да ја вратиме државата онаму каде што припаѓа, а тоа е кај граѓаните. Македонија припаѓа на сите нас, не припаѓа на ниту една партија, на ниту една власт, најмалку на оние позади нас.
Обвинуваа дека сакаме да ја федерализираме оваа држава, но федерализацијата е само во нивните болни умови.

И тоа ова шаренило, тука на улица е шаренило на унитарна, демократска, слободна Македонија, не на федерална Македонија. Ако некој ја федерализира Македонија, тоа си ти, создаде држава во држава, создаде паралелни институции, создаде поделби меѓу граѓаните по сите основи. Македонија како никогаш досега со сето свое шаренило е пообединето како никогаш до сега, рече Едмонд Адеми од СДСМ пред демонстрантите на протестот.