Учесниците во „Шарената револуција“ со пушки полни со боја повторно прскаа во оградата на мостот “Слобода“, но од другата страна која не беше бојадисана претходните денови.
Демонстрантите порачуваат дека ќе продлжат да ги бојадисуваат сите прескапо платени проекти од власта преку кои се “переле“ пари и дека воопшто не се работи за културни споменици како што сака власта да ги прикаже, туку се срам за Скопје.
По ова, демонстрантите се упатија кон Владата каде на улицата со големи букви напишаа „Владо мори душманке“. По ова учесниците на Шарената револуција го завршија протестот.
