„Шарената револуција“ денеска на протест во 6 градови. Протести за денеска во 18 часот се закажани во Кочани, Крива Паланка и Битола. Во Струмица протестот ќе започне во 19 часот, а веќе се одржа во Кичево.
Во 18 часот граѓаните ќе се соберат пред зградата на СЈО во Скопје, а ќе се протестира пред Собранието на РМ.
„Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, брзите прсти на пратениците послушници го изигнорираа и го распуштија Собранието. Ќе ве „поздравиме“ денес да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност.
#Протестирам затоа што не не слушате нас кои ве плаќаме туку лидерот што ќе ви каже. #Протестирам затоа што не размислувате со своја глава.
#Протестирам затоа што немаше услови ни да се опуштите, а вие се распуштивте.
Ќе бидеме на улица се додека не се исполнат нашите барања!.
Ќе има правда, ќе има мир!“, велат од „Шарената револуција“
