Најголема одговорност за ширењето на болеста и огромната штета кај сточарите има во институциите коишто не реагираа навреме. Бараме Владата да донесе одлука за обештетување на сточарите за непредаденото млеко на млекарниците како последица на погрешно пропишаната забрана за откуп. Бараме точно да им се каже на сточарите во рок од колку дена ќе бидат обештетени, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик -министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во оставка.
