Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор, Едмонд Адеми денеска престојува во еднодневна работа посета на Загреб, соопшти СДСМ.
Заев, се наведува во соопштението, ќе има средба со претседателот на опозициската Социјалдемократска партија на Хрватска Зоран Милановиќ, со поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, како и со претставници на дијаспората од Македонија во Хрватска.
