Повеќе илјади Албанци протестираат пред Владата, на повик на вонпарламентарната опозиција. Тие бараат вклучување на албанскиот Опозициски совет во преговорите за решавање на политичката криза.
Протестот е масовен, учествуваат неколку илјади граѓани. Протестот почна со албанската химна, а се забележуваат транспаренти со написи „Против државниот терор“, „Црно-црвена револуција“, „Правда, демократија, достоинство“.
На протестот се одблежува и една година од кумановските настани и Денот на Европа.
