Неколку илјади Албанци протестира од паркот во Чаир до Владата, за како што најавија да го изразат незадоволството од нивниот третман во државата. Тие маршираа низ Скопје, крајната дестинација на протестот беше пред Владата, каде ја прочитаа декларацијата на протестот.
На протестот се веаа албански знамиња, а на разглас се скандираше „Али предавник“ и „Демократија“.

Организаторите најавија дека со овој протест се дава подршка на СЈО.

Протестот помина мирно и под силно полициско обезбедување.

