Министерот Цветков и аболицираниот министер Димовски се уште молчат за скандалот со парите од „јапонската помош“. Со молчењето ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека фондот е оштетен за 200 000 евра, реагира Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за земјоделие.
„Се уште очекувам одговор за огромните злоупотреби на парите на штета на вистинските земјоделци! Цветков е должен пред граѓаните, земјоделците, пред целата јавност, да одговори на клучните прашања, а за кои се уште нема одговорено: Како е можно фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ ДОО која е формирана на 28.12.2009 година веднаш на 16.03.2010 година да склучи договор со МЗШВ? Како е можно фирма само со сопственик и управител незаконски да повлече 200 000 евра од Јапонскиот Фонд? Како може без покритие од сметка на министерството, што е наменета за прибирање на странска помош за развој на земјоделието, некој да си
повлече стотици илјади евра без покритие? Врз која основа се повлечени овие средства? Во чии џебови завршиле стотици илјади евра“, прашува Николовски?
