Синдикатите се најнефункционален дел од вашето граѓанско општество, истакна на денешната дебата „Нов приод за Македонија: Морковот и стапот за решавање на политичката криза“, поранешниот медијатор во Македонија, Питер Ванхауте.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ не сакала да го вклучи граѓанскиот сектор во преговорите.
– СДСМ понекогаш носеше претставници од медиумите кога зборувавме за медиумската сфера, а ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да разговара со граѓанскиот сектор, тие сметаа дека се си знаат, истакна Ванхауте.
Тој го дели мислењето со извршната директорка на Фондацијата отворено општество Македонија, Фани Каранфилова Пановска дека граѓанскиот сектор мора да се вклучи во преговорите.
– Се преговара само со разумни луѓе партии. Граѓанскиот сектор треба да соработува, и да им каже на политичарите што треба да направат. По реформите, ќе дојдат изборите, истакна Ванхауте.
Во врска со аболицијата, тој истакна дека народот има право на одговорни политичари, во спротивно, мора да има оставка.
Александар Тодески
