Еден полицаец загина, а 23 луѓе се повредени денеска при напад со автомобил-бомба пред седиште на полицијата во турскиот град Газиантеп, соопштија безбедносни претставници.
– Во експлозијата повредени се 19 полицајци и четворица цивили, изјави гуверенерот на Газиантеп, Али Јерикај.
На снимката која ја објави Си-Ен-Ен Турк се прикажани делови од уништено возило во близина на влезот на станицата, како и неколку амбулантни и пожарникарски возила кои пристигнале на местото на експлозијата.
Полициската станица е во близина на владини згради, меѓу кои и седиштетот на гувернерот и градоначалникот.
Неименуван безбедносен извор изјави дека нападот е извршен од припадник на Исламска држава и оти неговиот татко е приведен во полициската акција.