Протест пред СЈО

Од:

Група демонстранти од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и вечерва излегоа пред Специјалното јавно обвинителство во знак на протест поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција.

Демонстрантите ги повторија своите барања меѓу кои и повлекување на одлуките за аболиција и за одржување на парламентарни избори на 5. јуни, оставка на Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и формирање специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО. Тие изразија револт и поради продолжувањето на притворот на дел од демонстрантите кои учествуваа во нападот на нардоната канцеларија на Иванов.

Граѓаните ја блокираа улицата пред седиштето на Специјалното обвинителство и останаа на оваа локација до крајот на протестот.

Од граѓанската иницијатива „Протестирам“ порано денеска на социјалните мрежи најавија дека за време на велигденските празници протестите ќе стагнираат.

Протестите започнаа по одлуката на претседателот на државата Иванов за аболиција на 56 лица.