(ВИДЕО) Манчевски: Мнозинството во ДИК го крши изборниот закон

Од:

Членовите на СДСМ и сега, и понатаму нема повеќе да учествуваат во работата на Државната изборна комисија, се додека ДИК работи спротивно на законите. Државната изборна комисија, мнозинството во неа во моментов го крши изборниот законик, и ред на други закони во Македонија, рече Манчевски.

Во продолжение сите прашања и одговори на денешната прес конференција.
 
Дали ќе го поддржите договорот, или ставот на ДУИ дека треба да има нов договор, освен тој од Пржино ?
 
Сметаме дека, воопшто да стане збор за било каков вид на преговори и договори, потребно е да се случат одредени предуслови, коишто веќе ги кажавме. Прво да се укине одлуката на Иванов за аболиција. Второ повторно да се состане Собранието на Република Македонија со цел да ги одложи, нерегуларните избори на 5 јуни.
 
Имате контакти со ДУИ, бидејќи така беше најавено дека се во контакт, и дека треба да контактираат со партиите за нова лидерска средба ?
 
Со претставници на ДУИ. Со претставници на Меѓународната заедница, со претставници на други политички партии имаме цело време контакти. Меѓутоа, не станува збор за никакви иницијативи или преговори во оваа смисла.
 
Очекувате ли дека со ДУИ на помош ќе можеме да излеземе од оваа криза бидејќи до пред извесно време ги обвинувавте дека главните функционери на ДУИ се едни од криминалците коишто го подржуваат Груевски?
 
За било каков преговарачки процес и договор реков, мора да има исполнување на два предуслова. Исполнувањето на тие два предуслова ќе значи кој и колку е искрен во иницијативите за постигнување на договор
 
Дали треба да се соработува со ДУИ за да се излезе од кризата кога веќе беа обвинети како што кажавте порано . Дали треба да се продолжи со работа?
 
Апсолутно за излегување од кризата во којашто се наоѓа Македонија мора да одговараат сите оние коишто ги прекршиле законите , без разлика од која партија и истите тие индивидуи од било која политичка партија не можат да бидат дел од решението за кризата во Македонија.