Груевски: Потребен е крај на кризата и враќање кон реформските процеси

Од:

Изборите на 5 јуни се неопходни за надминување на кризата, преку еден демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средбата со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.

Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Тој подвлече дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните. Груевски истакна дека е потребен крај на кризата и тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на реформските процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес.

Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.