• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Фридом хаус“: Македонија се наоѓа на 136-то место

by А1он27/04/2016 - 16:1571
Share0

Во најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите забележан е голем пад на медиумските слободи во земјите од регионот на Балканот.

Добивај вести на вибер

На листата која опфаќа 199 земји во светот, Македонија се наоѓа на 136-то место, што претставува пад од четири места. Според извештајот на „Фридом хаус“, таа од групата на делумно слободни земји паднала во групата на неслободни земји.

Македонија е една од земјите кои минатата година имала најголем пад, а меѓу нив се наоѓаат Турција, Бангладеш, Бурунди, Франција, Србија, Јемен, Египет и Зимбабве.

Хрватска се наоѓа на 84. место, Црна Гора (80), Србија (87), Босна и Херцеговина (104), Албанија (106), Бугарија (78) и Косово, кое е посебно рангирано, на 96-то место.

Во целост, состојбата во врска со слободата на медиумите во светот минатата година била на најниско ниво во последните 12 години, а речиси половина од светското население живее во земјите во кои нема слободни медиуми, соопшти „Фридом хаус“. Оценката на оваа организација е дека Европа во изминатите 10 години забележала поголем пад во слободата на медиумите од било кој друг регион.

Од 199 земји и територии кои се разгледувани во 2015 година, вкупно 62 се проценети како слободни земји, 71 се рангирани како делумно слободни, а 66 нанко неслободни, се наведува во документот на „Фридом хаус“.

Насилството и бегалската криза биле главни вести во Европа минатата година, но исто така влијаеле на известувањето за случувањата, пишува во извештајот.

Медиумите се најслободни во Норвешка, Белгија, Финска, Холандија и Шведска, а меѓу последните земји и територии на листата се наоѓаат Северна Кореја, Белорусија, Крим, Иран, Сирија и Куба.

freedom
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен