Граѓанската иницијатива „Протестирам“ и вечерва во Битола организираше протест против власта на локално и национално ниво.
На вечерашниот едночасовен протест кој почна од плоштадот „Магнолија“, а заврши пред зградата на општина Битола која и вечерва беше гаѓана со јајца и кеси со боја, учесниците на собирот побараа оставка од градоначалникот Владимир Талески, а од Ѓорѓе Иванов освен оставка, побараа и повлекување на одлуката за aболиција.
– Да се преиспита односот кон правдата. Ние се бориме за нов систем на вредности. Нема аболиција, нема правда – нема мир, јавно порачаа граѓанските активисти од Битола на вечерашниот протест во овој град.
