Вечерва масовен протест и во Струмица

Од:

Група граѓани на Струмица организирани под граѓанската иницијатива „Протестирам“ и платформата на 30-тина невладини организации од Струмица вечерва во 19 часот по седми пат се собраа пред Зградата на јавната администрација за да го искажат револтот од аболицијата на Иванов.

На протестот ги повторија нивните барања, повлекување на аболицијата, оставка на претседателот Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување парламентарни избори на 5 јуни, вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, како и формирање преодна Влада која докрај ќе ги имплементира препораките од Извештајот на Прибе.

13094289_10209578554569011_4537879146715536903_n

Протестот почна од пред Зградата на јавната администрација и прошета низ центарот на Струмица и двата булевари, застанувајќи пред зградата на Судот, Управата за јавни работи. Освен транспаренти и извици, организаторите ги пуштаа на разглес дел од т.н бомби на опозицијата.
Учесниците на протестот со мотото „Струмица на улица“ најавуваат дека ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања.