Битолчани и го честитаа докторатот на Јанкуловска со транспарент „Честито аболиција“

Од:

Група млади битолчани утринава со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Како што објавува Мета, двајца млади луѓе со транспарент „Честито аболиција“ влегле на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде Јанкулоска свечено била промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност.

Дури пет минути по настанот, ректорот на Универзитетот, Сашо Коруновски, им се извини на присутните.

– Се извинуваме за инцидентот. Со гордост можеме да кажеме дека секој кандидат што успеал да стигне до титулата доктор на науки како степен на стручна подготовка, поминал низ сериозен процес на селекција – рече Коруновски, повторно извинувајќи се за инцидентот.