Се апсат членови на „Левица“

Од:

Членот на президиумот на Левица, Здравко Савески, утрово е повикан на информативен разговор во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода, по што е приведен и ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување на мерка притвор, соопшти Левица.

„За уште тројца наши членови на највисоките раководни партиски органи се стигнати покани за информативни разговори! Настаните за кои тие се товарат се поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и т.н. Шарена револуција, кои почнаа по срамната и противправна аболиција на претседателот на РМ. Овие наши видни членови беа и ќе бидат во првите редови на протестите“, соопшти Левица.

Вечерва продолжуваат протестите на кои се очекува поголема масовност од претходните денови.