Протест на граѓанската асоцијација „Протестирам” се одржува вечерва во Кавадарци.
Протестантите се собраа во новиот центар во градот и застанувајќи кратко пред штаб на ВМРО-ДПМНЕ, продолжија низ центарот на градот кон општинската зграда.
-Социјалдемократскиот сојуз како опозциона партија дава комплетна подршка на оваа граѓанска асоцијација со тоа што стоиме цврсто на нашиот став со барањата на претседателот Заев кој денеска побара повлекување на одлуката за аболиција на претседателот Иванов и повлекување на одлуката за предвремени парламентарни избори.
Бараме да се повлече оваа одлука со тоа што пред се прво бараме да се овозможи фер и демократски избори па потоа Социјалдемократскиот сојуз ќе излезе на избори, рече во изјава за медиумите Зоран Ѓорѓиев, претседател на општинската организација на СДСМ од Кавадарци.
Ненад Јовановиќ како граѓански активист, истакна дека протестот е поради масовната узурпација на сите јавни институции на Кавадарци.
-Овде мора јавно да се искаже оваа волја на овие луѓе бидејќи сите институции се максимално окупирани. Ова ќе биде сега за сега еден почеток и очекуваме секој ден во исто време да се собираме тука за да го изразиме револтот на граѓаните, нашите сограѓани, и генерално на целиот кавадаречки народ на општина Кавадарци, нагласи Јовановиќ.
