• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Нова ротација словачки полицајци на јужната граница

by А1он19/04/2016 - 17:05104
Share0

Во Македонија вчера пристигна втората ротација полицајци од Словачка – 25 припадници кои ќе патролираат заедно со нивните колеги од Македонија на државната граница со Грција, соопшти Амбасадата на Словачка во Скопје.

Добивај вести на вибер

Новата ротација е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

– Словачката полициска единица е распределена во областа на Дојранското Езеро. Полицајците се опремени со соодветна опрема – седум теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање, соопшти Словачката амбасада.

Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена, односно до 18 мај 2016, со можност за продолжување. Република Словачка досега во Македонија има пратено 50 полициски службеници.

– Тоа е најголем придонес по глава на жител од сите странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Република Македонија, како израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза, пишува во соопштението на Амбасадата.

идомени
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен