Контрапротестантите се собираат за протест пред СДСМ

Од:

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ од сите градови од Македонија во моментов се собираат пред Олимпискиот базен во Скопје.

Дојдени се со околу 40 автобуси, булеварот кај Југодрво е блокиран.

Еден од учесниците на протестот го прашавме дали оди кон Бихаќка, во седиштето на СДСМ, а тој нѐ поправи дека таа улица сега се вика Павел Шатев и потврди дека натаму ќе се движи колоната.