„Професоре, нема да ви простиме!“ „Професори, ви ја силуваа професијата!“ „Каде ни е правната држава?“, овие натписи утрово беа излепени на Правниот Факултет во Скопје, објави радио МОФ.
Студенти велат дека планираат и бојкот на наставата на факултетот. Ова, додаваат, се прави во знак на протест поради приведувањето студенти по синоќешниот протест , но и поради одлуката на професорот на овој факултет, а сега претседател на државата, Ѓорге Иванов да ги аболицира политичирате за кои има кривични пријави и се водат постапки.
Лепењето на плакатите почна од вчера, информираат студентите, но тие брзо биле отстранувани од луѓето што ја одржуваат хигината на факултетот.
