Почина Реј Бредбери – легендата на научната фантастика

Од:

Почина легендарниот творец на научната фантастика, американскиот писател Реј Бредбери. Неговата авторска лирска визија за иднината и го зголемија оптимизамот на поствоената депресивна Америка.

Бредбери ги напиша познатите: „Фаренхајт 451“, „Смртта е осамен бизнис“, „Марсовски летописи“, „Илустриран човек“, „Сончевите златни јаболка“ и многу други. Досега се продадени осум милиони копии од неговите книги преведени на 36 светски јазици.

Тој никогаш не доби Пулицерова награда, но беше почестен со специјално Пулицерово признание за неговиот придонес во развојот на научно фантастичната литература во 2007-та година.

Реј почина во неговиот дом во јужниот дел на Калифорнија во 91-та година од својот живот.