Една од најпознатите архитекти во светот, Заха Хадид почина денеска на 65 годишна возраст. Таа починала во болница во Мајами, САД, каде се лекувала од бронхитис, причината за смртта била срцев удар.
Заха Хадид е родена во Ирак, имаше британско државјанство, а работеше ширум светот. Таа е првата жена што ја има добиено наградата златен медал од Кралскиот Институтот на ританските архитекти.
Нејзино дело е олимпискиот центар во Лондон. Два пати – и во 2010 и во 2011 година ја доби наградата „Притцкер“, која се смета за најпрестижна награда за архитектура. Во 2012 доби благородничка титула од кралицата на Велика Британија.