Приведени пет лица и запленет материјал за „Фабриката за афери“

Од:

По барање на Основното јавно обвинителство – Скопје и по издадена наредба од надлежен суд утринава е извршена координирана акција за наоѓање на нови дополнителни материјални докази во предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Претресот, како што е наведено во соопштението, е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.

Во акцијата која е спроведена утринава од слобода се лишени пет лица.