СДСМ: Фатен во криминал Груевски се плаши од одговорноста и казната

Од:

Пропаганда за лажни работни места, виртуелни, нереални инвестиции, фантомски гласачи и даноци во Белизе, тоа е нарачаното интервју на Никола Груевски на Сител телевизија, реагира СДСМ .

„Никола Груевски десет години ги лаже, ги краде граѓаните и нивниот глас.Бројките за стотици илјади спорни и фантомски гласачи се дел од извештајот на ДИК за вкрстената проверка на податоците. Фантомите и спорните гласачи излегоа на виделина.Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од теренска проверка. Знаат какви изборни измами и изборни криминали правеле и знаат што ги чека.Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК и мора да има чист избирачки список“ стои во реакцијата.

Од СДСМ велат и дека „фатен во изборна измама и криминал Никола Груевски е уплашен од соочување со одговорноста и казната од граѓаните“, но, „ништо не може да му помогне на Груевски. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, стои во реакцијата.