Францускиот институт во Скопје денеска организира низа активности во чест на одбележувањето на Фракофонијата во Македонија.
Напладне во холот на Младинскиот културен центар манифестацијата насловена „Франкофонијата ти отвора врати!“, официјално ќе ја отворат француската амбасадорка во Македонија Лоранс Оер и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Истовремено ќе започне и Саемот на франкофонски компании и институции во Македонија.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржат и интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти, предавање на Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер, на тема „Франкофонијата и глобализацијата“, натпревар по франкофонски театар, а во вечерните часови концерт ќе одржи групата Фолтин.
Во недела во трговскиот центар Рамстор ќе се одржи франкофонски анимации на тема: професии, изработка на сликовници, симулации, игри на меморија…