Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ, најави дека членови на неговата партија, во исто време кога и протестот што го закажа граѓанската платформа АЈДЕ, а денеска му се приклучи и опозоциската СДСМ, ќе се соберат пред Уставниот суд.
Целта на нивното собирање, како што изјави Јакимовски, е да дадат поддршка на судиите во вршењето на нивната законска работа.
– Ние не сме против, туку сме за. За поддршка на интитуциите и нивното ослободување од било какви стеги и да се обезбеди никој во оваа држава не работи под притисок, туку да работи по сопствено убедување и по словото на законот, изјави Јакимовски.
